Аргентина го совлада Чиле со убедливи 3-0 во рамки на 7.коло во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. „Гаучосите“ го скршија отпорот на гостите во второто полувреме и тоа преку Алексис Мекалистер, кој погоди во 48.минута.
Хулијан Алварез во 84-тата минута постигна прекрасен гол од далечина да зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави Пауло Дибала во судиското продолжение на натпреварот.
Светскиот првак останува лидер на табелата во јужноамериканските квалификации со 18 бодови, пет повеќе од Уругвај, кој има натпревар помалку. Натпреварите продолжуваат вечерва по полноќ, а Бразил е домаќин на Еквадор, Уругвај го пречекува Парагвај, а Колумбија гостува кај последнопласираниот Перу.