Спорт Тенис

Синер закажа полуфинале против Дрејпер на Ју-Ес Опен

Првиот светски рекет Јаник Синер ја доби големата четвртфинална пресметка против Данил Медведев и ќе игра во полуфиналето на Ју-Ес Опен против Џејк Дрејпер.

Синер славеше против рускиот тенисер во четири сета со 6-2, 1-6, 6-1 и 6-4 и стигна до третото грен слем полуфинале сезонава. Не успеа да стигне до оваа фаза само на Вимблдон, каде загуби од Медведев во четвртфиналето. Италијанецот сега е само четвртиот активен играч што успеал да стигна до полуфинале на сите четири грен слем турнири по Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Марин Чилиќ.

Негов ривал во следната рунда ќе биде Џејк Дрејпер. Британецот го совлада Алекс де Минор со 6-3, 7-5 и 6-2 за пласман во своето прво грен слем полуфинале во кариерата. Тенисерот кој има 22 години нема загубено сет и стана само четвртиот Британец во историјата што стигнал до полуфинале на Ју-Ес Опен по Енди Мареј, Грег Руседски и Тим Хенман.

Втората полуфинална двојка во машка конкуренција е Тејлор Фриц против Франсес Тиафо.

На женскиот дел од грен слемот во Њујорк, првата носителка Ига Швјонтек загуби во четвртфиналето од домашната фаворитка Џесика Пегула и тоа во два сета со 2-6 и 4-6. За Американката ова е прво грен слем полуфинале во кариерата, каде што ќе се соочи со Каролина Мухова. Чешката тенисерка ја победи Беатриз Хадад Маиа со 6-1 и 6-4. Второто полуфинале во женска конкуренција е Арина Сабаленка против Ема Наваро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе