Вести Свет Топ вести

Полската авијација во состојба на готовност поради руски закани

Полски воени авиони и авиони на нејзините сојузници беа активирани рано утрово за да го обезбедат воздушниот простор на Полска, земја која граничи со Украина, информираат полските вооружени сили.

Ова се случува по третпат во последните осум дена. Нешто претходно, украинската армија соопшти за руски напад со дронови врз градот Лавов, кој се наоѓа близу полската граница.

Ова беше уште една многу напорна ноќ за целокупниот систем за противвоздушна одбрана во Полска поради забележаната активност на далекосежната авијација на Руската Федерација која нанесува удари, напишаа од Оперативната команда на полските вооружени сили на платформата Икс.

Минатиот месец НАТО ги осуди „неодговорните дејствија“ на Русија откако нејзин дрон влезе во воздушниот простор на Полска.

Од почетокот на руската инвазија во Украина во 2022 година, остатоци од руски дронови и ракети неколкупати беа пронајдени на територијата на сојузниците,“ изјави на 26 август портпаролката на НАТО Фара Дахлала. „Иако немаме информации што укажуваат на намерен напад на Русија врз сојузниците, овие дејствија се неодговорни и потенцијално опасни, нагласи таа.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на Фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20.000 денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе