Мариово денеска е завиено во чад. Воздухопловите не можат да дејствуваат на пожарот во Прилепскиот регион, а на терен со него се справуваат над 200 пожарникари, вработените во Македонски шуми, припадници на Армијата и полицијата, доброволци и месното население, кое си ги бранат селата, фармите и бачилата. Линијата на огнот е подолга од 20 километри. Гори сува трева и борова шума.
Ангелов вели дека поради густиот чад, хеликоптерите и ер тракторите не можат да го гаснат огнот. Шумите, стрништата и пасиштата во земјава повторно се во пламен. Вчера имало вкупно 27 пожари, од кои денеска активни се четири. Гори и во Општините Долнени ,Чашка на планината Мукос и Чучер Сандево.
Синоќа во Прилеп заседаваше и општинскиот Кризен штаб, а сите сили во моментов се насочени кон огнената стихија во Мариово.
Викторија Јованова