Вести Свет Топ вести

Тропска бура ги помина Филипините, 14 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето

Силна тропска бура денеска го напушти северниот дел на Филипините, откако најмалку 14 лица ги загубија животите во лизгање на земјиштето, поплави и надојдени реки, соопштија филипинските власти од секторот за вонредни состојби и природни катастрофи.

Тропската бура Јаги помина покрај градот Паој во провинцијата Илокос Норте и го продолжи својот пат низ Јужното Кинеско Море со ветрови до 75 километри на час и налети до 125 километри на час.

Синоптичарите предупредија дека тропската бура Јаги ќе се интензивира во тајфун додека се движи кон северозапад и делови од јужна Кина, но предупредувањата за тропска бура останаа на сила во повеќето северни филипински провинции, каде што жителите беа предупредени за постојан ризик од лизгање на земјиштето.

Секоја година Филипините ги погодуваат околу 20 тропски бури, од кои многу се претвораат во тајфуни, а најмногу луѓе умираат при лизгање на земјиштето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе