Спорт Фудбал

Милевски: Фарски Острови се незгоден ривал, условите се тешки и ќе мора да играме максимално

Селекторот Благоја Милевски очекува тежок натпревар на отворањето на Лигата на нации против Фарски Острови на гостински терен. Македонија мора да има респект за секого во групата.

„Фарски Острови се незгоден противник, агресивен и дисциплиниран противник. Се игра на вештачка трева и ќе мора да се навикнеме и на тој момент. Мора да сме на максимумот на можностите, сите ставени во функција на тимот, но со респект кон секој противник во групата. Фарски Острови не се наивни, условите ќе бидат тешки и мора да се потрудиме максимално“, вели Милевски.

„Оваа Лига на нации, дава можност за пласман на Светско првенство, но патот до таму е навистина тежок. Нѐ очекуваат противници кои се незгодни, физички одлично подготвени, играат дисциплинирано и со доста динамика. Мирен сум дека пред септемврискиот циклус, речиси сите ги минаа подготовките и се максимално спремни, за разлика од јунскиот прозорец кој секогаш ни бил проблематичен“. 

На претходните пријателски натпревари нашиот тим не блескаше и во 2024 година немаме победа. Во месец март загубивме од Црна Гора со 1-0, а ремизиравме со Молдавија 1-1 во Анталија, додека во јуни загубивме од Хрватска со 3-0 и од Чешка со 2-1 на гостински терен.

„Не ме загрижуваат лошите резултати на последните пријателски натпревари. Свесно ги одбравме ривалите за контролните мечеви. Како селектор не бркам рејтинг преку Сан Марино и Андора, битно ми е играчите да напредуваат преку квалитетни тестови со силни ривали. Иако ги загубивме двата натпревари против Чешка и Хрватска имаше позитивни, како и негативни работи. Не сум задоволен од натпреварите во јуни, за разлика од тие во март за кои немав што да замерам, освен за реализацијата“, додаде селекторот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе