Спорт Тенис

Ѓоковиќ се пласираше во 3.коло на Ју-Ес Опен и испиша нова тениска историја (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се квалификуваше во 3.коло на Ју-Ес Опен откако неговиот ривал Ласло Ѓере го предаде мечот во третиот сет. Со овој триумф Србинот испиша нова неверојатна историја на грен слем турнирите.

Ѓоковиќ ги освои првите два сета со по 6-4, а во третиот водеше со 2-0, кога неговиот сонародник мораше да го предаде мечот поради повреда. Со пласманот во третото коло, Ѓоковиќ официјално стигна до 90-тата победа на Ју-Ес Опен во кариерата. Тој сега има 90 или повеќе победи на сите четири грен слем турнири, што досега му нема успеано на ниту еден друг тенисер во историјата.

Следен ривал на српскиот тенисер ќе биде Алексеј Попирин.

Тејлор Фриц со 3-0 го победи Матео Беретини, а Каспер Руд беше подобар од Гаел Монфилс со 3-1. Лоренцо Музети во пет сета го совлада Миомир Кецмановиќ, а пласман понатаму обезбедија и Бен Шелтон, Андреј Рубљов, Александер Зверев, Франсес Тиафо и Григор Димитров.

На женскиот дел од грен слем турнирот во Њујорк, бранителката на трофејот Коко Гоф со 6-4 и 6-0 ја победи Татјана Марија од Германија за место во 3.коло, каде за ривалка ја има Елина Свитолина од Украина, која пак беше подобра од сонародничката Анхелина Калинина. Втората фаворитка Арина Сабаленка со 6-3 и 6-1 ја совлада Лучија Бронцети, а големо изненадување направи Елена Габриела Русе од Романија, која во два сета ја елиминираше осмата носителка Барбора Крејчикова. Место во следната рунда обезбедија и седмата фаворитка Ченвен Женг, Медисон Кијс, Паула Бадоса, Ема Наваро, Дона Векиќ и Викторија Азаренка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе