Во каква состојба се оставени националните институции во културата е шокантно, вели првиот човек на Министерството за култура и туризам Зоран Љутков. Руинираност и недостиг на стручен кадар, речиси незамисливи нешта на кои сведочиме при посетата на повеќе институции, додава тој .
-Ниту една национална установа од областа на културата не е осигурана, ниту една ! И ние обезбедивме буџет во ребалансот да ги осигураме и веќе е во тек постапката, јавната набавка. Навистина непријатни ситуации се ова.изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам
Доказ за негрижата во изминативе години е и Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје, новиот објект во рамките на оваа институција кој беше отворен во 2008 година и функционирал во одреден период до 2016, за денес да биде целосно запуштен. Втор проблем се полните депоа со над милион книги кои ја блокираат целата библиотека за нормално да функционира. Станува збор за книги кои се дел од проектите „Ѕвезди на светската книжевност“, „Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда“ и книги од проектот „Македонска книжевност“.
-Ќе направиме анализа мислам дека е направен и попис колку книги остануваат. Верувајте тие се со врвен квалитет и врвни наслови. Ќе направиме информација на Влада каде да ги распределиме и каде ќе бидат најпотребни тие книги, дали по книжарите, дали по библиотеките, дали по министерствата ќе се користат како подароци, но секако ќе ги исчистиме депоата за да можат да се користат понатаму изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам
Според в.д директорот Никчевски сите нови книги кои по закон треба да бидат внесени во библиотеката, примероци од магистерски трудови и докторски дисертации во моментов немаат можност да се сместат за да бидат достапни за користење.
Националната и универзитетска библиотека е основана со одлука на АСНОМ на 23 ноември 1944 година. Во потрага сме по документот за основање, кој ќе биде дел од трајна поставка токму тука,вели Никчевски.
-Направививме обиди да контактираме со Државниот архив, со Институтот за национална историја да го обезбедиме тој документ каде што пишува. Ние имаме делумна документација каде што Шоптрајанов се именува со потпис на тогашниот прв претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, иако 80 години тој ден е заборавен во оваа библиотека. Значи 23 ноември овде не се славел.изјави Јовица Никчевски, в.д директор на НУБ „Св. Климент Охридски
Годинава Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе одбележи и 80 години од своето постоење и за прв пат со низа настани ќе го прослави својот роденден точно на денот кога е основана 23 ноември.
Нина Стефанова