Вести Култура

Четврта самостојна изложба на Лина Дамјан

Делата од ликовната изложба „Тела“ со кои се претставува Лина Дамјан во нејзината четврта по ред самостојна изложба претставуваат своевиден ликовен и личен перформанс на голи тела во голем формат.

Човековото голо тело низ сите векови во светот и низ историјата од првите ликовни претстави до ден денес е инспирација во неговата комплексност и привлечност од страна на својата природна,  биолошка и социјална-политичка, емоционална  и репродуктивната форма на живот во сите системи и општества.

Формата на голите тела во делата на Лина Дамјан претставуваат родово поларизирана голотија и соголеност, инспиративна тема за многу автори низ историјата на уметнсота, што можеме да ја видиме кај Адам од Говрлево, праисториските Венери, Адам и Ева, разголените тела во античките сцени кои се провлекуваат низ ликовните претстави во ликовниот, општествениот и религиозниот развој низ целиот среден век во Европа и светот. Па се до современите автори како Јоко Оно и Џон Ленон, Герхарт Рихтер, Џеф Кунс, Марина Абрамовиќ и до ден денес кај автори и визуелни уметници  чија перцепција за човековото тело не е само природната родова  припадност туку и социјалната и политичката, но базирана на емоциите и задоволството.

Телата коишто ги прикажува Лина Дамјан не преставуваат само едноставен приказ на голи тела како што би рекле „како од мајка родени“, туку се и уникатна можност за трансценденција од физичкото кон естетското и емоционалното, со што уметникот ја раскажува својата лична приказна и ги предизвикува перцепциите за нас и за светот.

Моментот на ослободувањето од физичката димензија преставува и ослободување од општествените и моралните стеги и токму со овој медиум – дигитален векторски цртеж, Лина Дамјан го овековечува инаку толку ефемерното и минливото чувство за убавина и задоволство.

Целокупниот дискурс на двете голи тела поставени во различни позиции, димензии и фрагменти со мултиплицирани движења во критериумот на параформација и позирање ја отсликуваат репродуктивната страна на фотографијата како база во компјутерскиот цртеж.

Лина ја потврдува позицијата дека фотографијата е кралицата на нудистичката уметност но и на можноста за реплицирање на уметничкото дело. А пак колоритот во позадината на соголените тела се менува и пулсира како аура предизвикана од  убавината, задоволслтвото и емоциите, екстазата на животот и емотивното зреење сега и овде.

Текст на Гордана Велков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе