Илкај Гундоган по само еден сезона мината во дресот на Барселона реши да се врати во својот поранешен клуб Манчестер сити каде играше седум сезони.
На Германецот му требаше нов предизвик по трофејниот престој во Сити, па реши да потпише за Каталонците како слободен агент. Работите очигледно не беа идеални на „Камп Ноу“, па клубот и фудбалерот пред неколку дена ја раскинаа соработката што му овозможи на Гундоган да се врати на „Етихад“.
Гундоган овој пат потпиша само едногодишен договор со „граѓаните“. Во неговиот претходен престој во клубот за седум години освои дури 14 трофеи меѓу кои и пет во Премиерлигата и еден во Лигата на шампиони.