Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во првото квалификациско коло на Ју-Ес Опен од Џулија Риера од Аргентина. Ѓорческа сезонава настапи на сите грен слем турнири, но ниту на еден не го мина првото коло.
Нашата тенисерка денеска одлично го почна мечот со Аргентинката и во првиот сет водеше со 3-0 и 5-3 во гемови, но противничката го освои сетото во тај-брејкот со 4-7. Во вториот сет беше неизвесно до 3-3, па Риера направи брејк во осмиот гем за да поведе со 3-5 и потоа на свој сервис го освои сетот и мечот.
Претходно Ѓорческа настапи и во квалификациите на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но не успеа да мине ниту едно коло. Најблиску до настап во главната ждрепка на еден грен слем беше во 2017 година на Австралија опен кога стигна до последното трето коло. Ова е четврти настап на Македонката на Ју-Ес Опен, а најдалеку стигна во 2018 година, кога играше во втората рунда од квалификациите.