Вести Македонија Топ вести

„Чудни закони“ ја спречија Верзиволи да стане главен ревизор за ИПА

Чудни закони се проблем за избор на главен ревизор за ИПА фондовите, вели министерот за здравство Арбен Таравари. По драмата која настана по назначувањето на Афрона Верзиволи, која ги нема потребните сертификати, Таравари вели се бара сертификат, а 10 години никој не издавал сертификати.

„Таму има чудни закони. Поставени се критериуми коишто се бараат од одредени кандидати да имаат ревизорски сертификат, а во меѓувреме 10 години немало таков курс, односно таква можност некој да земе ревизорски сертификат. И вие овозможувате само одредена група на луѓе кои добиле таков сертификат пред 10 години да може да бидат директори. Нам ни укажа господинот Гир, со него разговарав лично, ни кажа и место нејзе ставивме друго кадровско решение, господинот Арбен Рамадани кој ги исполнува сите критериуми“, изјави Таравари денеска во Тетово.

Владата на 8 август го разреши досегашниот главен ревизор на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош Адем Цури и, на предлог на Коалицијата Вреди, за в.д. ја назначи Афрона Верзиволи, која нема никакво ревизорско искуство ниту пак има соодветен ревизорски сертификат. Делегацијата на ЕУ се заинтересира за случајот, а Антикорупциската комисија отвори постапка, па четири дена подоцна, Верзиволи беше разрешена, а за вршител на должноста беше назначен Арбен Рамадани, искусен ревизор со потребните сертификати.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе се распише конкурс за избор на главен ревизор.

Поради смената, македонската ревизија сега ќе треба да чека верификација на новиот главен ревизор најмалку до крајот на септември за да се нормализира комуникацијата со Европската комисија која ги дава парите за ИПА фондови и развој на државата.

До 16 септември владата треба да го потпише планот за раст со ЕУ, со кој се овозможува финансирање проекти до 700 милиони евра, со што ќе се зајакне помошта што доаѓа преку ИПА. Во Планот кој е потврден од Владата, стои дека нема да има распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Според новиот изменет закон ќе се менуваат само членовите на судскиот совет на кои им е истечен мандатот. Мицкоски претходно најави распуштање на советите, на што ЕУ се противи.

„Подготвен сум со луѓето коишто имаат предлози, наместо на медиуми да дојдат, да оствариме состанок и да разговараме, и да понудат нешто со кое довербата во судско-обвинителскиот систем ќе биде повеќе од 2 проценти. Очајно молам, дојдете да направиме нешто“, вели Мицкоски.

Во 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ не е предвидено распуштање на советот а дека ЕУ е против оваа мерка директен беше евроамбасадорот Гир кој посочи дека тоа ќе значи мешање во независноста на судството и ќе предизвика загриженост.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе