Украина ќе формира тампон зона во регионот на Курск, која ќе биде отворена за меѓународниот Црвен крст, за Обединетите Нации и за други меѓународни организации за хуманитарни активности.
На состанокот во кој претседаваше украинскиот претседател Володимир Зеленски е разгелдано и прашањето за формирање на воени команди во областа на Курск.
„Разговаравме за клучни прашања, за хуманитарна помош, за формирање на воена команда, ако е потребно“, напиша Зеленски.
Зеленски нагласи дека Украина се штити себеси и животите на своите луѓе во пограничните заедници и презема активни чекори на руска територија.