Светската здравствена организација (СЗО) денеска, по вторпат оваа година, прогласи глобална вонредна состојба по јавното здравје поради ширење на вирусот на мајмунски сипаници. По избивање на епидемијата во Демократска Република Конго, заразната болест се прошири и во соседните земји, пренесува „Ројтерс“.
Вирусот се шири преку блиски меѓучовечки односи и најчесто се манифестира со благи симптоми, но во ретки случаи инфекцијата може да биде смртоносна, со симптоми слични на грип и гнојни лезии по телото.