Вести Свет Топ вести

Вашингтон подготвува кампања за дискредитација на Зеленски, тврди руската разузнувачка служба

Руската надворешна разузнавачка служба тврди дека американската администрација планира да започне моќна информативна кампања за да го дискредитира украинскиот претседател Володимир Зеленски и да го принуди да ја напушти функцијата. Во соопштението се наведува дека САД истражуваат опции за замена на Зеленски со личност која е полесна за управување и помалку корумпирана, пренесуваат руските медиуми.

„Според информациите на Надворешната разузнавачка служба на Русија, незадоволството од Зеленски расте кај американската елита, а оние кои изразуваат сомнеж за „намерното трошење милијарди долари за воена помош“ за Киев се сè погласни и во Демократската и во Републиканската партија. Зеленски презема глупави чекори кои се закануваат да ескалираат многу подалеку од границите на Украина“, истакнува Руската служба за надворешно разузнавање.

Се додава дека затоа американската администрација бара негова замена која би им одговарала на повеќето западни сојузници. Според руските разузнавачи, поранешниот министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков се смета за најсоодветен кандидат поради неговите блиски врски со украинските националистички формации и контактите со лидерите на европските земји.

„Белата куќа смета дека тоа ќе му овозможи на Западот подобро да се подготви за евентуалниот почеток на преговорите со Русија за решавање на украинскиот конфликт“, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе