Вести Македонија

Се враќаме по старо: Следната учебна година нема да има пролетен распуст за учениците

Министерката за образование Весна Јаневска денеска изјави дека нема да има пролетен распуст за учениците и оти учебната година ќе заврши на 10 јуни, освен за матурантите.

-Нема да има пролетен распуст. Финалните анкети на родителите покажаа дека тие не сакаат, но и на повозрасните ученици, исто така, така што оваа година, пролетен распуст нема да има, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани.

Таа истакна дека го слушнале гласот на граѓаните и оти на самиот почеток ветиле транспарентност.

– Ние каков власт рековме дека ќе бидеме транспарентни и еве тоа го спроведуваме и им овозможуваме, според нивните потреби, да го спроведуваме образовниот процес. Ако тие сметаат дека ниту на децата, ниту на родителите, им одговара таков пролетен распуст, децата губеле континуитет, родителите нема каде да ги остават помалите дечиња, не им се поклопува со одредени празници за да можат заеднички да ги искористат, сметаат дека е повеќе компликација отколку поволност и во тој правец, ние одлучивме оваа година да се одвива учебната година од 2 септември до 10 јуни за сите, освен матурантите, појасни министерката.

Претходната власт донесе одлука основците и средношколците да користат пролетен распуст од 29 април до 6 мај, при што учебната година за основците заврши на 17 јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе