Спасувачките операции се во тек на местото на несреќата, во градот Кров во Мозел, на околу 100 километри западно од Франкфурт.
Едно лице е пронајдено мртво, а осум се заробени под урнатините откако синоќа делумно се урна хотел во германската покраина Рајнланд-Пфалц, соопшти полицијата.
– Меѓу заробените, некои се тешко повредени. Неколку лица успеаја сами да ја напуштат зградата и за нив се грижат службите за итна помош“, се вели во соопштението на надлежните.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека делови од катната зграда се урнати, а на земјата има остатоци од бетон.
Јавната мрежа „SWR“ извести дека пожарникарите на почетокот не можеле да влезат во зградата поради опасност од целосно уривање на објектот.
Соседните згради се евакуирани, а засега се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.