Вести Свет

Хасина поднела оставка бидејќи војската не сакала да пука кон демонстрантите

Началникот на вооружените сили на Бангладеш одлучи војниците да не пукаат врз мирни граѓани за да воведат со сила полициски час, што ја принуди поранешната премиерка Шеик Хасина Вазед да поднесе оставка и брзо да ја напушти земјата, тврдат американски медиуми.

Според двајца армиски офицери, командантот Вакер ул Заман ја објави оставката на Хасина, откако заседаваше со своите генерали преку видеоконференција и потоа ја посети резиденцијата на премиерката за да ја информира дека неговите војници нема да ги применат побараните мерки.

Пораката била јасна – Шеик Хасина веќе не може да смета на поддршката од армијата.

Шеик Хасина Вазед ја напушти земјата заедно со својата сестра со воен хеликоптер.

Генералот Заман се сретна со претседателот Мохамед Шахабудин за консултации за формирање на преодна влада, на чие чело ќе биде добитникот на Нобеловата награда за мир од 2006 година, Мухамад Јунус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе