Вести Свет

Неколку американски војници ранети во ракетен напад на базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Најмалку петмина американски војници се ранети, еден од нив сериозно, при напад врз воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак, соопштија официјални американски претставници.

Инцидентот се случи во време кога Блискиот Исток се подготвува за евентуален нов бран напади од страна на Иран и неговите сојузници, поради убиството на високопоставени членови на палестинското исламистичко движење Хамас и либанската група Хезболах минатата недела.

Според ирачките сили за безбедност, две ракети „Катјуша“ биле истрелани кон воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак и паднале внатре во базата.

Иран оцени минатата среда дека и САД носат одговорност за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран, поради нивната поддршка за Израел.

„Можеме да потврдиме дека имаше ракетен напад врз американските и коалициските сили во воздухопловната база ‘Аин ал Асад’ во Ирак“, се вели во изјавата на Министерството за одбрана на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе