Вести Свет

Над еден милион евра казни за концесионерите на плажи во Грција

Поради непочитување на условите предвидени со доделените концесии за користење на грчките плажи од почетокот на летната сезона биле изречени глоби во висина од над еден милион евра.

Генералниот секретар за информациски системи во Министерството за дигитално управување Димостенис Анагностопулос во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“, објасни дека интензивираните контроли се должат и по пријавите од граѓаните преку специјалната апликација „My Coast“ која досега ја имаат инсталирано 103.000 граѓани, а паралелно истакна дека она што е важно е што првпат се јавно познати законските закупи низ целата земја.

Од Министерството за национална економија и финансии на Грција минатата седмица соопштија дека при инспекциите спроведени во текот на јули, било констатирано дека општата слика е значително подобрена во споредба со претходните години, „бидејќи поголемиот дел од бизнисите кои работат на плажите ги почитуваа новите правила и новата законска рамка“, но сепак постојат и прекршувања.

Додадоа дека Халкидики, областа Атика, поширокиот регион на Атина, Превеза, островите во Егејското море, Крит и Крф се регионите во земјата за кои имало најголем број пријави за нерегуларности на плажите.

Само за Халкидики имало 1.873 пријави од кои 234 во период од една седмица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе