Вести Македонија Топ вести

Месец јули со 620 регистрирани пожари, најголем дел се предизвикани од човечки фактор и ненамерно

Во јули биле регистрирани 620 пожари од кои 66 во последните 10 дена од месецот, е посочено на денешната седница на владата на која се разгледуваше состојбата со огнените стихии во државата.

„Од 13 пожари, четири се активни, два се целосно изгаснати, а другите се под контрола. Најголем проблем претставува пожарот во близина на село Брезница, каде теренот е тежок и непристапен“, било констатирано на владината седница.

„Беше нагласено дека пожарот кај Косел е под контрола, кај Пласница е изгаснат, како и пожарот во делчевско, додека кај зелениковско Вражале е под контрола. Минат е исклучително тежок период во изминатите 10 дена, со 66 нови пожари. Само во месец јули регистрирани се дури 620 пожари.“, информира владината прес-служба.

Притоа било истакнато дека состојбата ги надминала домашните ресурси, односно тие беа недоволни за справување со огнената стихија, и оти Владата веднаш побарала странска помош, односно бил активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита, со оглед на тешката затекната ситуација и расположливите ресурси.

Се дискутираше и за штетите, но и за причините за толкав број на пожари.

„Како причини се наведува дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор, најмногу ненамерно, заради палење на стрништа, пасишта и меѓи. Во делот на намерно предизвиканите пожари, беше посочено дека преовладуваат криминални мотиви и има повеќе такви случаи кои се испитуваат“, се вели во соопштението на прес-службата на Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регулаторна добила убедување од ЕСМ дека наскоро ќе завршат работите на новиот топловод под мостот Беласица

Дејан Дејан

Раст на криминалните банди во Данска, регрутираат членови преку социјалните медиуми

Дејан Дејан

Стотици занаетчии од полошкиот регион поради сивата економија мака мачат со егзистенцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе