Вести Свет

Камала Харис официјално претседателски кандидат на Демократската партија

Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија, откако беше избрана преку онлајн гласање на Демократскиот национален комитет.

Таа е првата црнкинка и Индијка која стана кандидат на водечка американска партија за кампања за Белата куќа.

Харис е родена во Калифорнија во 1964 како дете на имигранти: нејзината мајка потекнува од Индија, а татко ѝ е роден во Јамајка. По нивниот развод, Камала и нејзината сестра Маја главно биле одгледани од мајка им под силно влијание на индиските традиции, но потоа сите ја присвоиле црната култура на Оукленд.

„Мајка ми многу добро сфаќаше дека одгледува две црнкинки. Таа беше посветена кон тоа јас и Маја да пораснеме во самоуверени, горди црнкинки“, напиша Харис во својата автобиографија.

Таа вели дека отсекогаш била комотна со својот идентитет и се опишувала себеси како Американка.

Откако поминала четири години на Харвард и добила диплома по право на Калифорнискиот универзитет во Хестингс, Харис станала главен обвинител на Сан Франциско, а потоа. во 2017 година беше избрана за сенаторка.

Таа од 2014 година е во брак со адвокатот Даглас Емхоф, станувајќи помајка на неговите две деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе