Вести Свет

Бугарија никако да обезбеди стабилно владино мнозинство, во октомври повторно на избори

Бугарија оди на седми избори по ред за три години откако и Салви Трифонов го врати мандатот за формирање на владино мнозинство на претседателот Румен Радев.

Гласањето најверојатно ќе биде во октомври, кога повторно треба Бугарите да излезат на гласање и да ги изберат пратениците во 51-то Народно собрание.

Спиралата на предвремени парламентарни избори започна пролетта 2021 година по третата влада на Бојко Борисов.

На 4-ти април беа последните редовни избори за пратеници на 45-тото Народно собрание, а „Има таков народ“ дебитираше на политичката сцена. Тој парламент траеше точно 26 дена.

Три месеци подоцна, следеше повторно гласање за 46. Народно собрание, но и тој парламент не формираше влада и се распушти по 56 дена.

Годината 2021 година стана рекордна со три предвремени парламентарни избори.

Третиот изборен циклус се одржа на 14 ноември. Тоа Народно собрание гласаше за владата на Кирил Петков.

На 2 октомври 2022 година, гласаа пред предвиденото за 48. Народно собрание, кое три дена не успеа да избере претседавач. Не донесе ни влада и работеше вкупно 107 дена.

На 2 април 2023 година во Бугарија гласаа за 49. Народно собрание кое со вториот мандат ја донесе првата ротирачка влада „Денков-Габриел“, го смени Уставот и, според него, продолжи да постои, иако ротацијата не се одржа.

Тој парламент работеше 433 дена или до инаугурацијата на 50-тиот. Според новиот правилник, тој ќе работи додека не се избере новото 51. Народно собрание.

Шефот на државата треба да избере нов привремен премиер, кој ќе предложи состав на влада која ќе го подготви и спроведе новото гласање.

Претседателот Радев  рече дека „одењето на нови избори фрла сомнеж дали парламентарната држава функционира правилно“.

„Решението на оваа и онака предолга политичка криза е во рацете на партиите и сите очекуваме да прифатат дека темелите на успешна владина коалиција се ковани не по изборите, туку пред нив. И затоа апелирам за значајна политичка дебата и фер игра во наредните недели“, истакна Радев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе