Постои можност дека девет лица, вработени во агенцијата на Обединетите Нации (ОН) за помош на палестински бегалци – УНРВА, учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври лани и ќе бидат отпуштени, соопштија ОН.
„За девет лица се прибрани доволно докази кои упатуваат на можност за вмешаност во нападите на 7 октомври“, рече заменик на портпаролот на ОН, Фаран Хак.
Сите девет лица се мажи. Хак не појасни на кој начин биле вмешани.
„Секоја вмешаност во нападите е големо предавство на карактерот на работата која ја работиме во име на палестинскиот народ“, додаде Хак.
Обединетите Нации отворија истрага, откако Израел ја обвини УНРВА дека 12 нејзини вработени луѓе учествувале во нападите на Хамас на 7 октомври во 2023 година на југот на Израел.
Израел во март ги засили обвинувањата, тврдејќи дека повеќе од 450 луѓе на УНРВА учествувале во воени операции на терористичките групи во Газа. Агенцијата за помош на палестински бегалци при ОН вработува 32.000 луѓе во своето подрачје на делување од кои 13.000 во Газа.