Вести Свет

Експлозија на мина во „Крушик“, повредени неколку работници 

Во воената фабрика „Крушик“ во Ваљево експлодира мина. Повредени се осум работници, додека од фабриката соопштија дека се повредени тројца работници.

Осум работници се полесно повредени пред пладне при експлозија на мина во ХК Крушик во Ваљево, потврдија за РТС од полициската управа во Ваљево. На повредените укажана им е лекарска помош во Ургентниот центар на болницата.

Од фабриката во Ваљево соопштија дека несреќата се случила во погонот за лаборација на мините, а работниците се повредени додека работеле со каписла.

Според соопштението на Крушик, повредени се три лица.

Инцидентот немал пошироки размери, со што се спречени сериозни повреди и материјална штета, се наведува во соопштението.

Според изјавата на д-р Зоран Милосављевиќ, заменик директор на Здравствениот Центар Ваљево, ниту еден од повредените работници не е задржан во болница.

Најтешка повреда кај повредените работници е пукната слушна опна. Во моментот на експлозијата на работа имало 20 вработени.

Надлежното обвинителство води истрага за утврдување на причините за експлозијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе