Вести Свет

Украина ги доби првите ловци Ф-16 – непознато е колку и кои земји ги испорачале

Украина ги доби првите борбени авиони Ф-16 кои со месеци ги бараше, со цел да може да возврати на руските ракетни удари, потврди неименуван американски претставник.

Засега е непознато колку авиони се испорачани во првата транша, како ниту кои земји ги отстапиле, пренесува АП.

Украинската влада сè уште не потврдила дека примила ловци Ф-16.

Украина со месеци ги бараше тие авиони од западните партнери, истакнувајќи дека се од клучно значење во борбата против руските ракетни удари, бидејќи Ф-16 се специјализирани за неутрализирање на непријателска противвоздушна одбрана.

Западот се двоумеше за испорака на ловците по првичната загриженост дека вооружувањето на Украина со модерно опрема би можело дополнително да ја прошири војната со Русија, наведува АП.

За време на посетата на Вашингтон, поради учество на НАТО самитот, украинскиот претседател ги повика сојузниците да ги тргнат сите ограничувања во врска со користењето на западното оружје, конректно барајќи Киев да може да гаѓа руски цели со него.

На Украина и се потребни најмалку 130 ловци од типот Ф-16 за да може да ја неутрализира руската ПВО, наведуваат украински официјални лица.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе