Европската унија ги повика сите страни да избегнат ескалација, откако Хамас соопшти дека нивниот политички лидер Исмаил Ханијa e убиен во израелски напад вo главниот град на Иран.
„Ги повикуваме сите страни да покажат максимална воздржаност и да избегнат каква било понатамошна ескалација“, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
„Ниту една земја и ниту една нација нема да има корист од понатамошната ескалација на Блискиот Исток“, додаде Стано.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.