Минимално поевтинува парното греење. За околу 60 илјади домаќинства сметки за август ќе бидат пониски за 3,16 проценти, ако пак се вратат субвенциите намалувањето би било 17 отсто. Незначително поевтинување добиваат приклучените на Скопје Север и оние од железарското парно. Дел од компаниите претходно побараа од регулаторите поскапување до 50 отсто. Од РКЕ велат, одлуката за намалувањето е поради стабилизирање на цената на гасот, а не прифатиле и зголемување на бројот на вработени, затоа што со моменталните можат да ја вршат дејноста. Компаниите не биле задоволни од одлуката, некои најавиле и тужби.
-Сосема е возможно како што беше кажано одлуките наши да бидат обжалени пред Управен суд но, сигурен сум дека фактите нема да се променат. Секоја компанија има право да поднесе жалба и да најавија, вели претседателот на Регулторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски
Првиот регулатор повторно со апел до ЕСМ -да го постават топловодот под мостот Беласица кој беше опожарен пред повеќе од една година, за да не се соочиме со проблеми во испораката при пониски температури, а системот со високи трошоци.
-Тоа прашање го отворивме ние уште во мај 2023. Да го поминувавме Амазон ќе го поминевме, додава Бислимовски
Пред неколку дена прашавме и во ЕСМ до каде е работата со поставувањето на цевките, но одговор не добивме.
За градинките, училиштата и другите објекти кои не се домаќинства парното поевтинува од 17 до 40 проценти во зависност на која топлана се приклучени. Ова е второ намалување за нив за период од неколку месеци. Претходно цената се намали за 35 отсто.
За период од две години со стартот на кризата за субвенции за топлинска енергија потрошени биле околу 12 милиони евра.
Ирена Чачкова