Вести Свет Топ вести

Израел тврди: Хезболах ја мина црвената линија

Израелската војска соопшти дека извела серија напади ширум Либан, откако открила дека Хезболах е одговорен за смртоносниот напад на Голанската висорамнина. Министерството за надворешни работи на Израел смета дека либанската група ја „минала црвената линија“, што, пак, предизвикува страв од регионална ескалација.

Израелската војскаж, исто така, соопшти дека нејзини авиони денеска бомбардирале складишта со муниција и инфраструктура на Хезболах во долината Бека во источен Либан, потоа позиции во близина на градот Тире и уште четири села.

Израелците го обвинија проиранската милитантна група Хелзболах како одговорна за ракетниот напад на фудбалско игралиште на Голанската висорамнина во кој загинаа 12 лица.

„Со овој масакр, Хезболах ги „мина сите црвени линии“. Ова не е војска која се бори против друга војска. Ова е терористичка организација која намерно пука во цивили“, е наведено во соопштение од министерството.

Хезболах категорички одбива одговорност за нападот. Имаше непотврдени информации дека инцидентот веројатно го предизвикал неуспешен израелски проектил пресретнувач. Иран, кој е регионален сојузник на Хезболах, го предупреди Израел за било каква „нова авантура“ за која би се користел инцидентот во Мајдал Шамс како изговор.

Командантот на израелската војска, Херзи Халеви изнесе тврдење дека фудбалското игралиште било погодено со ракета „Фалак“ од иранско производство, какви што користи Хезболах од почетокот на граничните борби.

Нападот врз фудбалското игралиште на Голанската висорамнина наиде на осуда САД; ЕУ и Обединетите нации. Тие ги повика инволвираните страни на воздржаност, со цел спречување на општа војна, а шефот за надворешна политика на Унијата, Жосеп Борел повика на „независна меѓународна истрага“ за инцидентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе