Вести Македонија

Со девет нови лекови ќе се проширува позитивната листа, но не се знае кога

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со девет нови лекарства, најави министерот за здравство, Таравари. За што тврди дека има парични средства, но потребно е да се избере новиот Управен одбор на Фондот за здравство, кој ќе разговара за ова уште на првата седница.

„Има пари, нема никаков застој само чекаме да се избере новиот Управен одбор“, изјави Арбен Таравари, Министер за здравство.

Директорот на ФЗО пак вчера рече дека прво ќе се проверуваат дупките во буџетот, а дури после 10 дена ќе се знае дали ќе има проширување на позитивната листа на лекови.

„Во моментот не е прашање дали има пари или нема за девет лекови, ние правиме комплетна анализа. Јас очекувам дека за десетина дена ќе има одговор на прашањето дали ќе може да се прошири позитивната листа“, изјави Сашо Клековски, ФЗО.

Околу вработувањата на приватните специјализанти, министерот Таравари со оптимизам вели шестотини од нив ќе бидат вработени во рок од две години. 300 до крајот на годинава, а останатите наредната.

„Јас сум многу среќен што успеав уште од првиот месец да најдам решение. Тоа помина во Влада. Од вкупно 647 специјализанти, 300 ќе бидат вработени оваа година“, додаде министерот Таравари.

На денешниот состанок со приватните специјализанти биле договарани нивните критериуми за вработување. Први на листата се оние од крајните години на студии.

„Критериуми ќе бидат година на специјализација, вид на специјализација и просек. Истите ќе се вршат според место на живеење. Доколку бројката од 300 вработувања не се исполни со специјализанти од четврта, петта и шеста година, ќе се оди на подолните години“, соопштија од Здружението на лекари специјализанти. 

Оние кои нема да нема да бидат вработени и после двата конкурса ќе ја чекаат новата одлука за висината на нивната плата. Ова следи по бројните протести на приватните специјализанти кои бараа вработување и просечна плата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Драматичен пресврт на изборите во Полска –  десничарот Навроцки нов претседател на државата

Дејан Дејан

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората

Дејан Дејан

Асмир Јахоски добил нов времен пасош, утрово се пријавил во суд како мерка за обезбедување,  Апелација одговара ние не издаваме пасоши, прашајте кај што издаваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе