Дарио Ивановски, Владимир Егоров, Ели Шерифовски, Анастасија Мојсовска, Никола Ѓуретановиќ и Мила Релиќ се шесте преставници на Македонија на ОИ.
Дарио Ивановски ќе се натпреварува на олимпскиот маратон.
Своето маратонско деби го имаше на скопскиот маратон во 2020 година, а во 2021 беше првак на скопскиот маратон.
Влдимир Егоров ќе се натпреравура во борење до 57 килограми во слободен стил.
Владимир Егоров во 2015 година доби македонско државјанство. Тој е поранешен европски првак, а има освоено и бронзен медал на европските првенства.
На европското првенство во Букурешт во 2019 го освои трето место, а на европското во 2022 година во Будимпешта стана европски првак во борење до 57 килограми во слободен стил.
Еди Шерифовски ќе се натпреварува во џудо до 81 килограм.
Македонија во џудо ќе има третпат претставник на Олимпијадите на кои Дејан Георгиевски на Игрите во Токио во 2020 година освои сребрен медал во категоријата над 80 килограми.
Анастасија Мојсовска ќе се натпреварува во стрелаштво на 10 метри со воздушна пушка.
Никола Ѓуретановиќ со свои 16 години ќе се натпреварува во пливање на 400 метри слободно.
Мила Релиќ ќе се натпреварува во таекводно до 57 килограми.
Олимписките игри во Париз ќе започнат утре и ќе трат до 11 август. Знаменосци за време на церемонијата на свеченото отворање ќе бидат Релиќ и Ивановски.
Покрај шестемина спортисти, Македонија на ОИ во Париз ќе има и четворица судии – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе делат правда на натпреварите на ракометниот турнир, Анета Павловска на тенискиот и Иван Михајловски во триатлон.
Македонија од своето прво учество како независна држава на ОИ, во Атланта во 1996 година, досега има освоено два медала – еден бронзен и еден сребрен. Покрај таеквондистот Ѓорѓиевски, олимписко одличје (бронзено) освои и борачот Могамед Ибрагимов на Игрите во Сиднеј во 2000 година, во категоријата до 85 килограми слободен стил.