Вести Економија Најважни

Државна каса со рекордни 5,89 милијарди евра, дефицитот оди на 720 милиони евра – почнува расправата за ребаланс на буџетот

Ребалансот на буџетот денеска влегува во собраниска расправа. Прекројувањето на државната каса е очекуван потег, но дали и колку е соодветно скроен е дилема која експертите и стопанствениците ја анализираат со различна диоптрија.

Опозициската СДСМ најавува остра дебата. Понизок раст, повисок дефицит, зголемено задолжување. Ова накусо се контурите на ребалансот со кој Владата планира да ги истурка преостанатите пет месеци од 2024 година.

Еден месец откако стапи на функција, власта влегува во реализација на планот кој тврди дека е неминовен за да се спаси што може да се спаси од состојбата на клиничка смрт во која ја затекнала економијата. Се кратело и прераспределувало секаде каде што имало простор за да се обезбедат средства за покривање на трошоците и обврските за клучните потреби на граѓаните и стопанството.

Претходно образложувајќи ја одлуката за преуредување на државната каса министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска порача дека овој ребаланс на буџет е за да се затворат сите отворени проблеми коишто можат да направат дополнителни штети. Со ребалансот државата годинава планира да потроши рекордни 5,89 милијарди евра, или 300 милиони евра повеќе од постојниот буџет. Со него се зголемува и дефицитот на 720 милиони евра од постојните 585.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе