Вести Македонија Најважни

Две институции под иста команда и Специјална единица за справување со кризи – најава за реформи на системот

Две институции под иста команда и една Специјална единица за справување со секакви кризни состојби.

Најава за реформирање на системот за менаџирање со кризи, произлезе од состанокот во ЦУК.

Кризниот менаџмент во Македонија е „на стаклени нозе“, констатираа неколку министри од Владата и директорите на ЦУК и Национални шуми, утрово на седницата со една и единствена точка за разговор – околу пожарите кои зафатија голем дел од територијата на државата.

Управувачкиот комитет за управување со кризи, со кој раководи министерот за внатрешни Панче Тошковски, испрати итна препорака до Владата за реформа на системот.

„Факт е дека во Македонија не постои систем којшто соодветно може да се справи со кризен менаџмент и кој соодветно ќе одговори на кризните состојби во Македонија, особено во делот на пожарите. Ова е во насока на градење на еден систем во иднина. Слабостите ги гледате сите, не треба да ви ги објаснуваме. Факт е дека треба да се реорганизираме суштински во насока на соодветна реакција за ваква кризна состојба“ изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Ангелов, вели дека реформата практично ќе значи спојување на ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување, ќе се крати на вишокот кадар, а ќе се воведе и една Специјална единица којашто будно ќе ја следи секоја настаната криза.

„Новиот систем во првата фаза ќе биде поевтин од постоечкиот. Ние во овој момент и во ЦУК и во ДЗС имаме превработеност на некои позиции каде што ние едноставно немаме потреба. Јас сметам дека со малку помалку луѓе ние би добиле една нова функционална институција која што ќе ги обедини функциите на двете постоечки институции и би добиле плус една условно кажано „Специјална единица“ за заштита и спасување или Search and rescue – потраги и спасување, во јачина од една армиска чета од 120 луѓе за почеток којашто би била мултифункционална“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Покрај реформа на системот за менаџирање со кризи, Управувачкиот комитет при ЦУК донел одлука да се обезбедат и 15 тони гориво од државните резерви, за екипите на Национални шуми да бидат потполно функционални да одговорат на терен.

Дополнително, МВР има формирано оперативна акција со наслов „Пожар 2024“, со цел да се откријат сите потпалувачи на пожарите.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе