Вести Македонија Топ вести

Се уште има неколку активни жаришта, пожарот во Битола ставен под контрола

Пожарот во Битола е под контрола, но се уште има неколку активни жаришта, а на терен се екипи кои будно ја следат состојбата, информира командирот на битолската Противпожарна единица, Горан Димковски.

Вчера во два наврати се интервенираше со шест воздухоплови, како поддршка на 120те  пожарникари и доброволци кој 20 часа се бореа со огнената стихија на ридот над Битола.

Пожарот беше делумно изгаснат  напладне, но само за неколку часа пак  се разгоре.

Поради опасноста да се доближи до битолското село Раштани, повторно  беа активирани воздухопловите, а со повеќекратни надлетувања на   5 ер трактори од Македонија и Турција и хрватскиот канадер, пожарот од синоќа е под контрола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе