Вести Македонија Топ вести

Имаме блокирана сметка, немаме гориво и нема да гаснеме – Ангелов за мејл од „Национални шуми“ до ЦУК

Улогата на пожарникарите е заштита на населението, за заштита на шумите има Јавно претпријатие „Национални шуми“ кое што е уништено, рече Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Сега, на чело на тоа претпријатие дојде саглам директор кој што добро ја познава оваа проблематика и јас сум голем оптимист дека таму, најпосле, работите ќе тргнат на подобро. Претпријатието е уништено. Ние пред еден месец добивме меил од нив во кој нè известија дека поради блокирана сметка не можат да набават гориво и да не сметаме на нивните гасначи, на нивните пожарникари. Тоа е неодговорно и недозволиво поведение. Оние кои имаат задача да го дадат првиот одговор во шума, нè известија „ние немаме гориво и нема да гаснеме““, изјави Ангелов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе