Вести Свет Топ вести

Трамп пристигна во Милвоки: Требаше да бидам мртов, но за среќа, се уште сум тука

По обидот за атентат поранешниот претседател Доналд Трамп пристигна во Милвоки каде ќе се одржи Републиканската национална конвенција (РНК). На аеродромот во Мичел го пречека армијата. Се е подготвено во арената „Фајсер Форум“ пред почетокот на четиридневниот настан каде илјадници републиканци извесно дека и формално ќе го изберат за свој претседателски кандидат во трката на есен против демократите.

Тајната служба уверува дека веќе во Молвоки се преземени сите безбедносни мерки за одржување на конвенцијата.

  • Тајната служба посветено работи со полицискиот оддел во Милвоки, како и со сите наши федерални, државни и локални партнери за да обезбеди безбедна и безбедна конвенција за присутните, волонтерите и за градот Милвоки“, рече Одри Гибсон- Кичино, координатор на РНК за тајната служба.

Aктуелниот претседател Бајден од Овалната соба изјави дека политиката треба да биде арена за мирна дебата.

  • „Несогласувањето е неизбежно во американската демократија. Тоа е дел од човековата природа. Политиката никогаш не смее да биде буквално бојно поле. Не дај Боже поле за убивање. Верувам дека политиката треба да биде арена за мирна дебата, за следење на правдата, за донесување одлуки водени од Декларација за независност во нашиот Устав“, рече Џо Бајден, претседател на САД.

20-годишникот вработен во старечки дом од предградие на Питсбург, кого ФБИ го застрела по неговиот обид да го убие Трамп, бил регистриран републиканец, на пат кон митингот во Пенсилванија снимал и свое видео кое се шири на социјалните медиуми. Најпрво се претставува себе си како Томас Метју Крукс и вели дека ги мрази републиканците.

Според аналитичарите има многу лажни вести и теории на заговор, од тоа дека луѓето од кампањата на Трамп го оркестрирале нападот, па до тоа дека е извршен по наредба на Белата куќа.

  • „Една, за која се чини дека главно ја шират луѓето од левиот политички блок, сугерирајќи дека тоа е на некој начин лажен сигнал кој поранешниот претседател Трамп и неговата кампања го организирале овој настан за да ги придобијат симпатиите и поддршката на Американците. Од десниот блок имаше многу тврдења кои ги ширеа симпатизерите на Трамп дека Тајната служба лошо го штитела поранешниот претседател, можеби по налог на Белата куќа“, објаснува Дејвид Клепер, новинар на Асошиејтед прес.

По обидот за атентат врз Трамп, доларот вртоглаво расте, а скокнаа и криптовалутите. Веста влијае и врз расположението на азиските пазари и инвеститори и ги крена нагоре проценките за победа на Трамп во ноември.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе