Вести Свет Топ вести

Трамп: Ќе повикам на нови напори за национално единство

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп изјави дека по обидот за атентат во кој беше полесно повреден, целосно го променил говорот што ќе го одржи в четврток, на последниот, четврти ден од конвенцијата на Републиканците во Милвоки и изјави дека ќе повика на нови напори за национално единство.

Трамп во ексклузивно интервју за неделникот „Вашингтон Егзаминер“ изјави дека сака да го искористи историскиот момент и да ја обедини земјата.

„Говорот што планирав да го одржам в четврток требаше да биде навистина моќен. Да не се случеше ова (обидот за атентат во Пенсилванија), тоа ќе беше еден од најневеројатните говори фокусирани главно на политиката на претседателот Џозеф Бајден. Искрено, сега ќе биде сосема поинаков говор“, рече Трамп.

Тој рече дека говорот ќе го одрази неговото верување дека нападот на митингот во Пенсилванија целосно го променил текот на изборната кампања, што и републиканците и демократите веќе го потврдија.

Трамп рече дека неговиот говор ќе биде „одговор на моментот што го наметнала историјата“.

„Ова е можност да ја обединиме земјата, дури и целиот свет. Говорот значително ќе биде поинаков од оној што беше планиран пред два дена“, рече Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе