Вести Свет

Флорида го отфрли кривичното дело против Трамп за незаконско чување доверливи документи

Судот на Флорида денеска го отфрли кривичното дело против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кое беше обвинет за незаконско чување доверливи документи во одморалиштето Мар-а-Лаго.

Судијката Ајлин Кенон ја донесе одлуката по сослушувањето на кое адвокатскиот тим на поранешниот претседател повика да се откаже од обвиненијата покренати од специјалниот советник Џек Смит.

Судијката Канон, која беше номинирана од Трамп, заклучи дека специјалниот обвинител Џек Смит е незаконски назначен на функцијата и нема овластување да го отповикува Трамп.

Ова е уште една голема правна победа за Трамп, по одлуката на Врховниот суд на 1 јули, кога беше заклучено дека поранешниот претседател ужива имунитет од гонење кога станува збор за бројните дејствија што ги презел додека бил на функцијата, потсетува Гласот на Америка.
Обвинителството најверојатно ќе поднесе жалба на оваа пресуда. Во други случаи, судовите често го поддржуваа правото на Министерството за правда да назначува специјални обвинители за спроведување одредени политички чувствителни истраги.

Сепак, одлуката на судијката Кенон фрли сомнеж во иднината на случајот, за кој се веруваше дека претставува сериозна правна закана за Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе