Спорт Фудбал

Шпанија е нов рекордер: Четврта европска круна за „фуријата“ (ВИДЕО)

Шпанија е нов европски шампион по победата од 2-1 против Англија во вечерашното финале одиграно на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, Германија.

„Црвената фурија“ стигна до рекордната четврта титула во историјата, а престолот го освои со неприкосновен ефект, односно со седум победи од седум натпревари.

По едно здодевно прво полувреме во кое немаше ниту една шанса на двете страни, возбудувањата беа резервирани за вториот дел.

Нико Вилијамс го отвори резултатот во 47-та минута за водство на Шпанците од 1-0. Кол Палмер израмни во 73-тата минута за Англија и тоа само три минути откако влезе во игра со прецизен удар од далечина. Победничкиот гол за Шпанија го постигна Микел Ојаразабал по една фантастична тимска акција во 86-тата минута.

Шпанија во петтото континентално финале дојде до четвртата титула и ја остави Германија зад себе со три европски круни. Англија го загуби второто европско финале по ред и по речиси шест децении останува без голема титула. Единственото славје на репрезентативно ниво „Гордиот албион“ го оствари во 1966 година, кога стана светски првак.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски: Имаме доволно време да се подготвиме тактички и физички за Белгија

Дејан Дејан

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе