Вести Најважни Свет

Атентатот врз Трамп повторно отвара едно опасно поглавје од американската политика

Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател и повторно кандидат на изборите во ноември годинава, Доналд Трамп ја врати американската политика во една „црна ера“ кога демкратските процеси завршуваа со куршуми.

Доналд Трамп стана првиот претседател или претседателски кандидат по Роналд Реган во 1981 година врз кој бил извршен атентат. 1960-те години на минатиот век беа особено „крвави“ за американската политика. Атентаторските куршуми ги прекинаа кариерите на браќата Кенеди, Џон и Роберт, а пред нив подлегнаа и политички и активисти за човекови права како Медгар Еварс, Мартин Лутер Кинг и Малком Екс.

Иако дел од најистакнатите политичари го осудија настанот и повикаа на единство, друг дел ги обвинија деморкатите за нивната жестока реторика кон Трамп и опасноста која неговото враќање на претседателската функција ја носи за демократијата во земјата.

Џ.Д Венс, Сенаторот од Охајо е еден од можните кандидати за потпретседател на Трамп, ги обвини демократите дека го поттикнале атентатот врз поранешниот претседател.

Централната поента на кампањата на Бајден е дека претседателот Доналд Трамп е авторитарен фашист кој по секоја цена мора да биде запрен. Таквата реторика директно доведе до обидот за атентат врз претседателот Трамп, обвини Венс.

Со истото обвинување се огласи и Крис ЛаСивита, менаџерот на кампањата на Доналд Трамп.

Левичарските активисти, демократските донатори па дури и Џо Бајден, треба да одговараат на гласачките кутии во ноември за нивните одвратни изјави кои доведоа до овој напад, рече ЛаСивита.

Не е мал бројот и на овие кои сметаат дека неуспешниот атентат може дополнително да ја галванизира поддршката за Трамп, особено по објавувањето на фотографиите каде поранешниот претседател, со раскрвавено лице ги поздравува неговите поддржувачи додека агентите на Тајната служба го евакуираат од митингот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе