Вести Македонија

Заради технички проблеми „Ер тракторите“ не интервенираа во гасењето на пожарот на Огражден

Заради технички проблеми авионите за гаснење пожар „Ер трактори“ попладнево не се упатиле кон пожарот на планината Огражден, кој гори веќе четири дена над селото Бадилен, на територија на општина Ново Село, на границата со Бугарија.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев,
незвозможно е пожарот да се стави под контрола без воздушна поддршка, бидејќи се
работи за тешко пристапен терен.

– Попладнево се повлечени нашите седум пожарникари кои требаше да бидат
логистика во гаснењето на пожарот од воздух. Се надевам дека утре авионите ќе го гаснат пожарот, бидејќи се работи за крајно непристапно место, изјави Гудев за МИА.

Од Центарот за управување со кризи попладнево најавија дека се очекува по повлекувањето на двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од планината Серта, заради исполнети 3,5 часа активно летање и дејство, по двочасовна пауза за полнење гориво, но и мини технички преглед, да се упатат кон пожарот на Огражден.

Вчера и завчера пожарот го гаснеа хеликоптери на МВР и АРМ, заедно со
пожарникари од ТППЕ Струмица, членови на Ловното друштво „Елен “ од Ново Село, и
локалното население.

Според информацијата од ТППЕ Струмица пожарот досега зафатил над 20 хектари
нискостеблеста дабова и борова шума.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе