Вести Свет

Бура прекина музички фестивал во Словачка

Најмалку 15 луѓе се полесно повредени во невремето што ја зафати западна Словачка и прекинат е музичкиот фестивал „Похода“. Сите повредени присуствувале на музичкиот фестивал во градот Тренчин.

Организаторите на фестивалот соопштија дека го откажуваат фестивалот поради оштетувањата на објектите. Тие ги евакуираа гледачите со автобуси во различни градови во областа.

Фестивалот „Похода“ првпат е организиран во 1997 година, а посветен е на различни видови музика, а учествуваат локални и странски уметници. „Похода“ годинава требаше да трае три дена и на него да присуствуваат речиси 30.000 луѓе

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе