Вести Свет Топ вести

Бајден не се откажува од трката за нов претседателски мандат

Бајден не се откажува од трката за нов претседателски мандат. Присутните на митингот во Детроит со поделени ставови. Дел од присутните го подржуваа да не се откажува. Дел критичари од неговата партија пак, повикуваа да излезе од трката. Но и покрај различните ставови тој дециден истакна дека нема да се откаже.Тој предупреди дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп, претставува сериозна закана за земјата и демократијата.

„Луѓе, Доналд Трамп е осуден криминалец. Осуден. Тој беше осуден од порота составена од негови врсници за 34 кривични дела затоа што и платил пари на порно ѕвезда. И тоа го крие од гласачите во 2016 година. Доналд Трамп беше прогласен за одговорен за сексуален напад од страна на судијата кој ни рече да не бидеме измамени со тоа што Трамп го брише. Еве што напиша судијата : „Г. Трамп, обиди се да се минимизира сексуалната злоупотреба. Сметајќи дека е несериозно. Господинот Трамп ја силувал“. Тоа е јазикот на судијата , не е мој. Многу луѓе го разбираат зборот силување. ” – 

Гласачите во последниве недели се повеке почнаа да слушаат за проектот 2025 од страна на Бајден и демократите. На митингот , Бајден алармираше што ке се случи доколу Транп освои вотр мандат, и доколку се реализира овој проект.

„Проектот Трамп 2025 година ќе го криминализира транспортот на лекови за абортус, лекови,  каде било за да се оневозможи покривање на контрацепција, да се дозволи забрана на национално ниво. Тоа е она што го нарекува трагично 2024 до 2025. Проектот 2025 ќе го распореди Министерството за правда на Трамп за да гони непријатели. И тоа е вистинската работа. Непријателите на Трамп. Самиот Трамп својата кампања ја нарекува кампања. Тој тоа го нарекува одмазда . Така вели. Проектот на Трамп за 2025 година ќе ја елиминира државната служба“ – вели Џо Бајден, претседател на САД .

.Аналитичарите велат граганите се загрижени за инфлацијата,економијата, и имиграцијата. Но најмногу ги загрижува возраста и работоспособноста на Бајден.

„Па Бајден ги има истите проблеми во Мичиген што ги има на друго место. Гласачите се загрижени за неговата возраст и способност. Тие не мислат дека администрацијата била успешна економски или нужно во улогата на Америка во светот. Очигледно имаме некои дополнителни компликации во Мичиген. Постои, се разбира, најголемата арапско-американска заедница, која е несразмерно загрижена за војната со Израел во Газа. Имаме луѓе кои ги загубија работните места во производството и не мора да се радуваат на транзицијата кон електрични возила од автомобили на мотори кои беа извор на автомобилската индустрија“. – истакна Проф. Мет Гросман, Стејт Департмент за политички науки во Мичиген.

Аналитичарите за Трамп пак велат дека е повеке популарен за разлика од 2020 година. Но жителите на Мичиген се уште не го подржуваат целосно.

Марија Коцева


 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

По телефонскиот разговор со Путин, Трамп го промени курсот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе