Вечерва во Гостивар седница одржува генералниот совет на демократската унија за интеграција, што го свика претседателот на партијата, Али Ахмети. Станува збор за продолжение на состанокот од 30-ти јуни, кога партијата разговараше за актуелните политички случувања, и почна разговор за дефинирање на следните чекори на состанокот тогаш беше заклучено дека партијата треба да го зајакне нивото на мобилизација и со посветеност да продолжи во насоката на реализација на нивната платформа.
Како една од поважните активности тогаш, најавија заеднички состанок на сите структури на партијата на локално и на централно ниво, почнувајќи од ограноците па се до раководството. Состанокот ќе биде затворен за јавност.
,,Денеска на оваа седница на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција се поканети сите структури од сите нивоа на нашата политичка организација, историска средба од ваков тип. Ќе се дадат јасни насоки за делокругот на нашата организација во политиката во следните месеци.
На оваа овдешна средба во градот Гостивар и претходеше состанокот на централното претседателство.
Се разговараше за актуелната состојба во политика, без легитимитет на Албанците, без јасната волја на политиката на Албанците, и други состојби кои се детектирани во овој три неделен период од формирањето на оваа влада без етнички легитимитет.
Не можам сега да зборувам за пораки кои би биле испратени тие ќе зависат до дискусијата која ќе се развие, но тоа што е важно, ќе произлезе јасна ориентација како ќе делува ДУИ во месеците кои доаѓаат.
Ние сме втора сила на политичката сцена во Република Северна Македонија, нема да има тема за раководни позиции во партијата ДУИ и во коалицијата Фронт за Европа. Ние сме најуспешна политичка сила и тие резултаити се благодарение на работата на луѓето што вечерва се тука, од член на месен комитет до претседателот на партијата, функционира перфектно, структурата на ДУИ”’ – вели Адеми.