Вести Свет Топ вести

Зеленски го помеша со Путин, Камапа Харис со Трамп – два нови гафа на американскиот претседател Бајден

Два нови гафа на американскиот претседател Џо Бајден. Ги направи на прес-конференција, во рамки на НАТО самитот во Вашингтон, која требаше да биде славеничка за постигнатиот договор за Украина. Но, и да и покаже на јавноста дека може да биде лидер во уште мандат во Белата куќа, откако наиде на критики по дебатата со Трамп, оценките за бледиот настап во неа и барањата за повлекување од претседателската трка за изборите во ноември.

Во првиот го направи со најава на украинскиот претседател Зеленски како Путин, во вториот, 90-тина минути подоцна, ја помеша презимето на потпретседателката Камала Харис со Трамп. Се корегираше по интервенција на еден од советниците за што се „вадеше“ дека е преокупиран со победа над неговите ривали.

Десетици демократи во Претставничкиот дом и во сенатот досега го повикаа Бајден да се повлече од изборната трка. Четири избори од Демократската партија најавија дека очекуваат уште најмалку 10 да го побараат тоа во наредните 48 часа.

И додека Бајден се соочува со критики, Виктор Орбан ја продолжува мисијата, што ја наслови како мировна, за изнаоѓање на начини за преговори меѓу Русија и Украина за крај на војната. По посетите на Киев, Москва и Пекинг, унгарскиот премиер се сретна и Доналд Трамп во резиденцијата во Мар-а-Лаго на Флорида. Според прес-службата на Орбан, двајцата разговарале за обновување на мировните преговори меѓу завојуваните страни. На платформата Икс се огласи и самиот унгарски премиер кој по средбата напиша „Добра вест, тој ќе го реши тоа“.

Со слични тонови и Трамп кој преку неговата платформа „Трамп сошл“ порача дека мирот во Украина мора да биде воспоставен што поскоро, бидејќи, како што додаде, „загинаа многу луѓе во војната која не требаше ниту да почне“.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе