Во својот најсериозен укор против Пекинг, сојузниците на НАТО ја нарекоа Кина „одлучувачки овозможувач“ на руската војна против Украина и изразија загриженост за нуклеарниот арсенал на земјата и нејзините способности во вселената.
Говорејќи пред новинарите доцна синоќа, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го повтори строго формулираното коминике, одобрено од 32-те членки на НАТО на самитпт во Вашингтон, што јасно покажува дека Кина станува фокус на воената алијанса.
- Поддршката на Кина ја зголемува заканата што Русија ја претставува за евроатлантската безбедност“, рече Столтенберг.
Тоj додаде дека сојузниците јасно истакнале дека Кина не може да го овозможи најголемиот конфликт во Европа во поновата историја без тоа негативно да влијае на нивниот интерес и углед.
Пекинг негираше дека ги поддржува воените напори на Русија и инсистира на тоа дека таа води нормална трговија со својот северен сосед.
НАТО Самит во Вашингтон – Украина е на „неповратен“ пат кон членство во Алијансата