Израел и Хамас се договорија за принципите за ослободување на заложници и договорот за прекин на огнот и сега преговараат како да го спроведат, објави денеска „Вашингтон пост“. Весникот оценува дека клучниот чекор за двете страни е тоа што се договориле „привремено да управуваат“ со Газа, а во втората фаза од договорот да управуваат силите поддржани од Палестинската управа, која управува со делови од окупираниот Западен Брег.
Израелските медиуми пренесуваат дека, сепак, потребна е претпазливост затоа што, иако има рамка, конечниот договор веројатно сè уште е неизвесен и ќе треба време да се договорат сите детали.
„Каменот на сопнување беше транзицијата (во втората фаза) во која Хамас ќе ги ослободи машките војници држени како заложници и двете страни ќе се согласат на „траен крај на непријателствата“ со целосно повлекување на израелските сили од Газа“, објавува „Вашингтон пост“.