Земјотрес со јачина од 4,2 степени е регистриран денеска во источниот турски округ Малатија, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби .
Потресот се случил ноќта во 00:41 часот.
Неговиот епицентар бил во градот Јешиљурт, на длабочина од 7,69 километри.
Нема извештаи за повредени лица или материјална штета.
Малатија е меѓу окрузите кои беа тешко погодени од разорните земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари 2023 година, во кои загинаа над 53.000 луѓе.