Вести Свет Топ вести

Не гледајте трошоци, сега е време за слобода и демократија, а местото е Украина – пораки од НАТО самитот во Вашингтон

Украина останува клучна тема на самитот на НАТО, како и во претходните три години. Меѓу главните теми во Вашингтон ќе бидат и зајакнување на одбраната и глобалните партнерства.

Американскиот претседател Џо Бајден во својот 13-минутен говор на отворањето уверуваше дека Украина ќе победи во војната со Русија. Тој најави десетици системи за противвоздушна одбрана за Киев, меѓу кои најмалку четири „Патриоти“. Од сојузниците побара да продолжат со поддршката за Киев, а за Алијансата нагласи дека е „посилна, попаметна и поенергична од било кога досега“ и истакна дека ќе продолжи да се шири додека е на функција.

Слични пораки и од Јенс Столтенберг. Генералниот секретар на Алијансата го повика Западот да продолжи со испораките на оружје и муниција за Киев, без оглед на трошоците. Според него, исходот на војната во Украина, ќе ја обликува глобалната безбедност во годините што доаѓаат. Во спротивно, предупреди тој, „најголема цена и најголем ризик ќе биде ако победи Русија“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика политичките лидери во САД да не го чекаат исходот на претседателските избори во ноември за да преземат одлучни мерки за помош на неговата земја во војната со Русија. Освен противвоздушни системи, од западните сојузници побара и што поскоро да испорачаат и борбени авиони Ф-16.

Лидерите на НАТО се собраа во Вашингтон на тридневен Самит по повод 75-годишнината од формирање на Алијансата која никогаш не била поголема, но и предизвиците со кои се соочува се, исто така, големи – војната во Украина, се поагресивната Кина, војната меѓу Израел и Хамас во Газа и згора на се, некои членки на доведуваат во прашање нивната посветеност кон блокот.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе