Вести Македонија Топ вести

Не ги почитувала условите за ангажман надвор од „Идризово“ – Јанева го загуби правото да оди на работа од затвор

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“, потврди директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов за Телма.

Постапувајќи по службена должност, Управата направила проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот, при што е утврдено дека Јанева не ги почитувала.

Јанева во февруари годинава доби дозвола да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, адвокатот Лазар Јанев, откако веќе имаше одлежано пет од вкупно седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“. Според условите, наутро таа излегува од „Идризово’, а по завршување на работниот ден, требаше да се врати во затворската ќелија.

Јанева во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски кој доби казна затвор од девет години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе